Дома Фудбал Арсенал со два гола во судиското продолжение ја победи Астон Вила 🎥

Арсенал со два гола во судиското продолжение ја победи Астон Вила 🎥

Aрсенал по три натпревари без победа конечно триумфираше во Премиер лигата откако денес беа подобри од Астон Вила со 2:4.

Победата Арсенал ја обезбеди во судиското продолжение кога двапати ја погодуваа мрежата на домаќините. Мартинез прво во 93-та минута си постигна автогол, а точка на победата во 98-та минута стави Мартинели.

Претходно Арсенал двапати се враќаше од негатива, Астон Вила водеше со голот на Воткинс, а потоа и преку Кутињо. За Арсенал изедначуваа Сака и Зинченко.

Арсенал на врвот на табелата има три бода повеќе од Манчестер Сити кој денес го игра дуелот со Нотингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…