Голем број навивачи на трибините сакаа да слушнат „да“, но следуваше изненадување од девојката.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова требаше да биде најромантичниот момент во неговиот живот, меѓутоа ќе го памети како еден од најлошите. Фудбалерите на Атлас и Монтереј се сретнаа на 10-ти февруари во шестото коло од мексиканското првенство, а гостите славеа победа од 2:0.
Сепак, фудбалот на теренот не е причината поради што овој натпрвеар се најде во центарот на вниманието. Едно момче дотрча до центарот на стадионот, клекна и извади прстен. Кога сите очекуваа да следи прегратка и солзи радосници, момчето доби студен туш.
Девојката изненадувачки очигледно се налути и избега далеку од него.