Дома Фудбал Англија Гвардиола ироничен: Виновни сме и што Жерард се сопна

Гвардиола ироничен: Виновни сме и што Жерард се сопна

Пеп Гвардиола смета дека никој не може да им ги одземе шампионските титули, иако се споменуваше такво нешто во изминатите денови поради обвиненијата дека го прекршиле финансискиот фер плеј.

Гвардиола очигледно дека оваа тема го прави многу нервозен, па почна да биде и саркастичен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој го посочи и натпреварот меѓу Ливерпул и Челзи во трката за титулата во 2013/14, кога Стивен Жерард се лизна, по што Демба Ба постигна гол и ги остави „црвените“ без титула.

„Емоциите ни припаѓаат на нас без разлика на тоа што ќе решат. Агуеро со голот во последните секунди… Не знам можеби ние сме виновни што Жерард се лизна“, вели Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…