Дома Фудбал Останато Вечерва ќе може да погледнете филмот за животната приказна на Ќиро Блажевиќ

Вечерва ќе може да погледнете филмот за животната приказна на Ќиро Блажевиќ

Вечерва од 23:00 часот на Спорт Клуб 1 ќе можете да го погледнете филмот посветен на неверојатната кариера на Мирослав Ќиро Блажевиќ.

Прославениот харизматичен тренер почина дене на 88-годишна возраст после долгата борба со ракот. Во филмот Ќиро не води со една искрена, интересна, а на моменти и шокантна животна приказна.

Се појавуваат дури 30-тина соговорници кои добро го познаваат Ќиро и кои соработуваа со него во најважните фудбалски битки.

Поголемиот дел на работи до првото излегување на филмот до пред една година на пошироката јавност и беа непознати. Приказните за војната, дружењето со Чарли Чаплин, како и многу други работи нема да ве остават рамнодушни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…