Дома Фудбал Репрезентации Официјално: 37-годишник е нов селектор на Белгија!

Официјално: 37-годишник е нов селектор на Белгија!

Фудбалскиот сојуз на Белгија потврди дека Доменико Тедеско е нов селектор на сениорската репрезентација.

Откако Роберто Мартинез доби отказ после разочарувањето на Мундијалот во Катар, Белгија бараше вистински наследник. Се споменуваше Тиери Анри кој беше помошник на Мартинез, но на крајот беше избран 37-годишникот Тедеско.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тедеско беше тренер на Шалке од 2017 до 2019 година, а потоа од 2019 до 2021 ја водеше Спартак Москва, за во декевмри 2021 да го преземе Лајпциг.

Со Лајпциг стигна до полуфиналето од Лига Европа, но доби отказ на почетокот на наредната сезона 2022/2023.

Тој нема големо тренерско искуство, посебно не во репрезентативниот фудбал, па ќе биде интересно да се види кој ќе ја предводи Белгија кога на повидок е смена на една од најдобрите генерации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нема среќа: Маунт повторно се повреди – го заврши дербито во солзи! 🎥

Мејсон Маунт заработи нова повреда и во солзи го заврши настапот во дербито помеѓу градски…