Дома Фудбал Покетино е прв избор на Флорентино Перез

Покетино е прв избор на Флорентино Перез

На Карло Анчелоти му се „тресе“ столчето во Реал Мадрид после низата на лоши резултати, па би можел да добие отказ, пренесуваат шпанските медиуми.

По поразот од Барселона во финалето на Суперкупот раководството почнало да ја губи довербата, а наводно и атмосферата во соблекувалната не е на високо ниво.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Прв избор е Маурисио Покетино, кој е слободен после отказот кој го доби во ПСЖ и секако дека не би одбил понуда од „кралскиот“ клуб.

„Марка“ тврди дека дури и Анчелоти да ја заврши сезоната, на лето секако ќе има тренерска смена, па поради тоа „кралевите“ веќе стапиле во контакт со Покетино.

Покетино во Шпанија со голем успех го предводеше Еспањол од 2009 до 2012 година после што се пресели во Премиер лигата каде што беше дел од Саутемптон и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер сити го купи за 120 милиони, а сега го пушта да замине за 35 милиони

Англискиот репрезентативец Џек Грилиш ќе го напушти Манчестер Сити летово, но како што сто…