На Карло Анчелоти во Реал Мадрид би можело да му се повтори сценариото од 2015 година кога ја освои Лигата на шампионите па во наредната доби отказ поради лошите резултати.
Сега тоа може да му се повтори. Се шпекулира дека на Италијанецот му се „тресе“ столчето по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија, наводоно раководството почнало да ја губи довербата.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Блиски извори на клубот за шпанските медиуми истакнале дека атмосферата Валдебебас не е иста, а некои информации одат и до таму што најавуваат отказ за Анчелоти во случај да не го освои Светското клупско првенство оваа недела.
Потенцијални замени не се споменуваат се уште, но слободни во овој момент се тренери како Томас Тухел и Маурисио Покетино, без клуб е и Зинедин Зидан. Сепак, посебно се потенцира Покетино кој на два пати беше блиску до Реал, но до договор не дојде. Меѓутоа, рано е за такви најави кој би бил наслендикот.
Тимот не е ист по паузата за Светското првенство, „кралевите“ изгубија дури три натпревари, Барса побегна на „плус осум“, а второто „Ел Класико“ се игра на 19-ти март на „Камп Ноу“.
Останува наредните месеци да покажат дали историјата ќе се повтори и Анчелоти повторно ќе добие отказ како актуелен шампион на Европа.