Угледниот германски весник „Билд“ во денешното издание пренесува дека Месут Озил донел конечна одлука за својата иднина.
Преговорите помеѓи Озил и Арсенал за продолжување на соработката се стопирани од февруари, па наводно германскиот репрезентативец веќе одлучил да го напушти „Емирати“ на крајот на сезоната.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
„Билд“ наведува дека Озил е уморен од Арсенал и критиките кои ги добива, па одлучил на крајот на сезоната да го напушти клубот и тоа како слободен играч бидејќи договорот му истекува во јуни 2018 година.
Веќе подолго време се шпекулира каде би можел Озил да ја продолжи кариерата, а „Билд“ наведува неколку дестинации и тоа Барселона, Баерн, Борусија Дортмунд, ПСЖ…
Озил пристигна во Арсенал во 2013 година од Реал Мадрид за 50 милиони евра.