Миланскиот гигант Интер се соочува со сериозни проблеми затоа што на газдата на клубот, Стивен Жанг му се заканува затворска казна за лажно сведочење и долг од 300 милиони евра.
Информациите од Италија се дека судот во Милано добил повик да учествува во тужба против Жанг која ја започнале кредитори од Хонг Конг кои поради огромниот долг бараат да му се заплени целиот имот на Жанг, вклучително и акциите во италијанскиот калчолигаш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судот го обвинува Жанг и за лажно сведочење откако тој на судските рочишта изјавил дека не знаел ништо за финансиските малверзации во неговата компанија. Првото сослушување за долгот од 300 милиони евра е закажано за 8. март.
Треба да се знае дека Жанг неколку месеци наназад се обидува да го продаде Интер преку инвестициски банки во САД кои преговараат со заинтересираните инвеститори. Поставената цена за Интер е 1.2 милијарди евра и засега се пишуваше дека има две сериозни опции, а една е саудискиот принц Мохамед Бин Салман кој го купи и Њукасл.