Дома Фудбал Останато Бејл заигра на својот прв голф турнир: Ми се оствари сонот…🎥

Бејл заигра на својот прв голф турнир: Ми се оствари сонот…🎥

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентацијата на Велс, Герет Бејл заигра на својот прв професионален турнир во голф откако се пензионираше од фудбалот на 33-годишна возраст.

Бејл настапи на турнирот во Калифорнија во САД. Пред да го изведе својот прв удар како професионалец водителот на програмата го праша Бејл зошто го напуштил фудбалот толку рано.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Нема да правам ништо, хахаха. Секоја година го гледав овој турнир. Ми се оствари сонот со доаѓањето тука. Но малку сум нервозен“, изјави Бејл.

Бејл некогаш беше најскап фудбалер и прв кој се продаде зад над 100 милиони евра кога премина од Тотенхем во Реал Мадрид.

Кариерата ја заврши во МЛС лигата играјќи за Лос Анџелес ФК. Со Реал освои пет титули во Лигата на шампионите, а во последните години беше во конфликт со навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти поставил необичен услов пред Бразилците, веднаш му го исполниле

Карло Анчелоти вчера беше официјално претставен како нов селектор на бразилската репрезент…