Поранешниот играч на Барселона, Дани Алвеш, е во притвор неколку недели откако една девојка го обвини дека ја силувал во ноќен клуб на 30 декември.
Проблемите за Бразилецот се зголемија откако неговиот бивши клуб Пумас реши да го тужи за неколку милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мексиканците тврдат дека Алвеш ги прекршил правилата од договорот во кои јасно било наведено дека ќе биде казнет во случај на проблеми со законот.
Раководството на овој клуб експресно му врачија отказ на Алвеш, кога тој беше обвинет за силување.
„Поради грубо прекршување на договорот, клубот експресно бара исплата на обесштетување од пет милиони долари без никаков данок или плаќање на рати. УНАМ Пумас ги задржува сите права да и се обрати на ФИФА и преку неа да бара исплата поради прекршување на клаузулата во договорот“, пишува во мејлот што мексиканскиот клуб му го испратил на Дани Алвеш.