Дома Фудбал Верувале или не, Мбапе испиша историја: Ова го стори само тој во Лигата на шампионите

Верувале или не, Мбапе испиша историја: Ова го стори само тој во Лигата на шампионите

Килијан Мбапе денес беше стартер на мечот против Селтик, а успеа да стигне и до рекорд.

Младиот 18-годишен фудбалер на ПСЖ кој ова лето пристигна од Монако на позајмица со можност за целосно откупување на неговиот договор на крајот од сезоната, денес успеа да направи нешто што ниту еден друг не го постигнал во историјатот на големото европско натпреварување.

Имено, тој е единствениот фудбалер кој успеал да постигне погодоци како тинејџер за два тима во ЛШ.

Секако, тоа е Монако и ПСЖ.

Мбапе денес на ПСЖ му ја донесе предноста од 2:0 по асистенцијата на Нејмар и промашениот шут на Кавани.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …