Евентуалниот трансфер на Енцо Фернандес од Бенфика во Челзи е најжешка тема во овој трасфер период.
Навивачите на Челзи чекаат позитивни вести од Португалија, но во моментов информациите се контрадикторни. Добар знак е што Аргентинецот не отпатува со тимот и сигурно нема да игра вечерва против Арука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самиот Фернандес им се доверил на соиграчите дека трансферот помеѓу Бенфика и Челзи е договорен и дека само чека повик за да замине за Лондон.
Според други информации претседателот на Бенфика, Руи Кошта се уште не дал зелено светло за трансферот, бидејќи сака прво да биде доведена замена.
Челзи е спремен да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра, но сака сумата да ја плати на пет рати.