Поранешниот играч на Реал Мадрид, Иско денес пристигна во Берлин да го комплетира трансферот во Унион Берлин.
Договорот беше комплетно постигнат, па се очекуваше само официјална потврда, но се појавија проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Иско не ги минал во целост лекарските прегледи во германскиот клуб, па Унион Берлин веднаш ги променил условите за трансферот.
Сега трансферот е пред пропаѓање, па Шпанецот ќе треба да се согласи на нови услови за да го облече дресот на Унион Берлин. Меѓутоа, информациите од Германија тврдат дека трансферот е официјално пропаднат.
Лекарските прегледи покажале дека Иско има повреда, која може долго да го извади надвор од терените.
Isco and Union Berlin deal, on the verge of collapsing after medical tests in the morning with the German club 🚨⛔️ #DeadlineDay
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2023
“Conditions of the deal have changed compared to initial discussions”, as player’s camp tells @PhlipMarq. pic.twitter.com/FF9fg5qaGZ