Бразилецот Нејмар ќе го пропушти натпреварот на ПСЖ против Монпелје кој е на програмата во среда од 21:00 часот.
Напаѓачот и понатаму има проблеми со повреда па денес го пропушти и тренингот. Тренерот, Кристоф Галтие објави дека се уште не може да се каже кога Нејмар ќе биде целосно спремен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од почетокот на вториот дел од сезоната по Светското првенство „светците“ се прилично неубедливи. Изгубија од Ленс и Рен, а пред неколку дена ремизираа со Ремс.
Сепак и со овие резултати тие се лидери на табелата со три бода предност во однос на Ленс.
🚨 Neymar absent de l’entraînement du jour, et donc forfait pour le match face à Montpellier demain.
— Media Parisien (@MediaParisien) January 31, 2023
Le brésilien souffre d’une fatigue musculaire.
(officiel) pic.twitter.com/yWUmMGVf60