Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ и четврти пат сезонава над 50 поени, Далас подобар од Детриот 🎥

Дончиќ и четврти пат сезонава над 50 поени, Далас подобар од Детриот 🎥

Лука Дончиќ одигра одличен натпревар и Далас предводен од Словенецот се врати од -11 негатива во третата четвртина против Детроит (111:105).

Неколку дена откако мораше да го напушти натпреварот против Феникс поради повреда, Дончиќ се врати со феноменален настап.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За само 36 минути на паркетот имаше шут од 17/24 од поле, 5/11 за три поени, постигна 53 поени и додаде уште осум скока и пет асистенции.

Треба да се истакне дека посебно импресивен беше Дончиќ на стартот од натпреварот кога постигна дури 24 поени од првите 30 на Маверикс.

За Дончиќ ова е четврти натпревар сезонава во кој има 50 или повеќе поени. Рекордот го постави минатата година кога одигра меч со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Орландо 109-119, Бруклин – ЛА Лејкерс 121-104, Минесота – Сакраменто 111-118, Оклахома – Голден Стејт 120-128, Сан Антонио – Вашингтон 106-127, Далас – Детроит 111-105, Феникс – Торонто 114-106, Портланд – Атланта 129-125.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…