Дома Трансфер зона Кансело пристигнува во Минхен, познати деталите

Кансело пристигнува во Минхен, познати деталите

Жоао Кансело денес треба да пристигне во Минхен на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот во Баерн Минхен.

Утрово како „бомба“ одекна веста дека Кансело ќе го напушти Манчестер Сити и ќе се пресели во Баерн на позајмица до крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причина за неговото заминување е расправија со Пеп Гвардиола, па Португалецот побарал да ја промени средината, а Баерн ја искористи ситуацијата

„Билд“ открива дека се е договорено и Кансело до утре официјално ќе биде претставен во Минхен, а Баерн ќе има опција да го откупи на лето за 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…