Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд денес го ангажираше досегашниот фудбалер на Андерлехт, Жилијен Диранвил.
16-годишникот ги помине лекарските прегледи и потпиша договор со бундеслигашот. Диранвил во овој момент се опоравува од тешката повреда на мускулот, но важи за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Андерлехт дебитираше на само 16 години и пет дена. Сезонава собра шест настапи во белгиското првенство, а првиот гол го постигна на почетокот на септември.
„Станува збор за технички одлично крило во кое гледаме голем потенцијал. Сакаме тој потенцијал да го развиваме во наредните години и да го подигнеме на едно повисоко ниво, како што тоа сме го правеле во минатото со други фудбалери“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд Себастијан Кел.
Борусија Дортмунд во овој момент е на петтата позиција на табелата во Бундеслигата и во наредното коло од првенството му гостува на Баер Леверкузен.
🎙️ Edin #Terzic über Neuzugang Julien #Duranville: „Wir haben Julien lange beobachtet. Er ist ein hochtalentierter Flügelspieler, der stark im Eins-gegen-Eins ist, kreativ ist und viel Torgefahr ausstrahlt.“ pic.twitter.com/7ghlSt81yl
— Borussia Dortmund (@BVB) January 27, 2023