Репрезентативецот на Македонија, Стефан Ашковски денес го постигна својот прв гол во дресот на грчкиот суперлигаш Ламиа.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ашковски беше стрелец во четвртфиналето од Купот на Грција во реванш натпреварот против Аполон Паралимини.




Tимот на Македонецот славеше со 4:2, а Ашковски го постигна голот за изедначување во 20-тата минута.




Ламиа лесно го обезбеди пласманот во финалето затоа што и во првиот натпревар славеа победа од 2:1, па така двомечот го добија со вкупни 6:3.