Дома Фудбал Останато „Пит булот“ со свое мислење: Оставете го Дибала да расте, пред него е долг пат!

„Пит булот“ со свое мислење: Оставете го Дибала да расте, пред него е долг пат!

Поранешниот холандски фудбалер на повеќе италијански клубови, Едгар Давидс смета дека на ѕвездата на Јувентус, Паоло Дибала може да му наштетат споредувањата со сонародникот Лионел Меси.

Дибала оваа сезона игра во одлична форма, постигна седум голови на четири натпревари, а вечерва го очекува натпревар против Меси во Лигата на шампионите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ако сакате да му наштетите на Дибала, тогаш продолжете да го споредувате со Меси. Мораме да го остави да расте. Јуве има неверојатен талент во своите раце, но тој не смее да биде под голем притисок“.

„Круната на Меси е многу тешко, тој во овој момент игра на друго ниво. Дибала сеуште има простор за напредок, пред него е долг пат“, изјави Давидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Детали од новиот договор на Ван Дајк: Стана најплатениот дефанзивец во Европа

Вирџил Ван Дајк ја продолжи верноста кон „црвените“ за дополнителни две години, што го нап…