Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе побарал од раководството да се обиде да го донесе играчот на Манчестер Сити, Берардо Силва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот и минатото лето беше блиску до заминување од Манчестер Сити, но Барселона не можеше да ја плати сумата која ја бараа „граѓаните“.
Бернардо Силва е спремен на лето да ја промени средината, а ПСЖ сака да го „украде“ пред носот на Барселона, која покажува силен интерес за неговиот потпис.
ПСЖ на лето ќе направи се за да го донесе во Париз, а самиот Португалец е отворен за таков трансфер.
„Светците“ нема да имаат проблем да ја платат сумата од 80 милиони фунти, колку што бара Манчестер Сити за неговата слобода.