Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор е под истрага во Шпанија откако беше обвинет за физички напад на Ибица, соопштија денеска судските власти.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Случајот беше затворен, но судијата нареди тој повторно да се отвори откако доби повеќе детали за наводниот инцидент.




Судот не соопшти повеќе детали за случајот.




Шпанските медиуми наведуваат дека истрагата е поврзана со расправија со жена на јахта по забава на Ибица.