Дома Трансфер зона Ништо од трампата, Брозовиќ ја одбил Барселона

Ништо од трампата, Брозовиќ ја одбил Барселона

Италијанските медиуми деновиве пишуваа за евентуална трампа помеѓу Барселона и Интер, така што Кеси би пристигнал во Милано, а во спротивен правец да се пресели Брозовиќ.

Чави смета дека Брозовиќ ќе биде идеална замена за Бускетс и се спремни да го понудат Кеси, за кого Интер покажува сериозен интерес.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Сепак, денеска се огласи агентот на Марцело Брозовиќ кој откри дека неговиот клиент нема намера да си замине од Милано.

„Марсело останува во Интер бидејќи го сака тој клуб“, кратко изјави агентот на Хрватот.

По ваквата изјава јасно е дека до трампата нема да дојде, а и директорот на Интер, Марота потврди дека преговорите се прекинати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …