Дома Фудбал Останато Класа: Суарез на дебито за Гремио постигна хет-трик и го освои првиот трофеј 🎥

Класа: Суарез на дебито за Гремио постигна хет-трик и го освои првиот трофеј 🎥

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез на најдобар можен начин им се претстави на навивачите во новиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суарез неодамна потпиша договор со Гремио и после многу успешни години во Европа се врати на јужноамериканскиот континент каде што по Национал дојде во бразилскиот клуб.

Веќе на дебито за Гремио постигна три гола и го подигна трофејот во Суперкупот со победата над Сао Луиз со 4:1. Суарез трите гола ги постигна за 38 минути. Првиот гол го постигна во петтата минута за 1:0, вториот за 3:1 во 32. Итретиот за 4:1 во 38. минута.

Вториот гол за Гремио го постигна Битело, а единствениот погодок за Сао Луиз го постигна Паулињо Сантос. Суарез еден од головите го постигна со лоб преку голманот, вториот од волеј, па така ја покажа својата класа и пред 36. роденден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…