Дома Топ вести Aдеми кај Роналдо?

Aдеми кај Роналдо?

И оваа зима има најави за заминување на Аријан Адеми од Динамо Загреб. Откако пред неколку дена се поврзуваше со Валенсија, а беше наведено дека го сакаат и два клуба од Премиер лигата сега пристигнуваат нови информации.

Наводно, Адеми добил понуда и од Саудиска Арабија. Хрватските медиуми пренесуваат дека понудата која ја добил Адеми финансиски била одлична, но не се открива името на клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според информациите понудата на клубот од Саудиска Арабија била тројно повисока од она што го понудила Валенсија.

Џенаро Гатузо е тој кој инсистирал на трансфер на Адеми во Валенсија, меѓутоа сега шпанскиот клуб добива сериозна конкуренција. Засега нема најави за некаква одлука на македонскиот репрезентативец.

Ќе потсетиме, Дарко Велковски веќе настапува во Саудиска Арабија и тоа во тимот на Ал Итифак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…