Дома Топ вести Арсенал се насочува кон ѕвездата на Вест Хем

Арсенал се насочува кон ѕвездата на Вест Хем

Арсенал до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го ангажира играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс, пренесуваат медиумите на Островот.

23-годишниот репрезентативец на Англија е на мета на многу премиерлигаши, но најконкретен е интересот на Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако пропадна трансферот на Мудрик сега „топџиите“ целосно ќе се насочат кон Рајс и се спремни да ги задоволат финансиските барања на Вест Хем.

Деклан Рајс има договор со Вест Хем до 2024 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а „чеканите“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

Арсенал во наредните денови ќе испрати понуда од 80 милиони евра, која со бонуси може да достигне до 100 милиони евра.

На Вест Хем сезонава не му оди како што се очекуваше и „чеканите“ се наоѓаат во долниот дел од табелата, па и самиот Рајс инсистира да се пресели во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…