Дома Фудбал Пике од шпанскиот Суперкуп заработи повеќе од Барса и Реал

Пике од шпанскиот Суперкуп заработи повеќе од Барса и Реал

Шпанскиот Суперкуп беше одигран во Ријад, а до победа стигна Барселона која во финалето беше подобра од Реал Мадрид со 3:1.

Шпанските медиуми објавија и како се распределени парите за организација на натпреварувањето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најмногу, околу 20 милиони евра доби шпанскиот фудбалски сојуз кој тој износ ќе го распредели на клубовите.

Бетис заработи 750.000 евра, Валенсија 1.7 милиони евра, а Барселона и Реал Мадрид по 2.8 милиони евра. Повеќе од нив ќе заработи фирмата Космо во сопственост на Жерар Пике.

Таа добива провизија за учеството и завршување на работата за натпреварувањето да биде преместено во Саудиска Арабија.

Зделката ја договори Пике додека се уште беше активен играч во Барселона поради и што добиваше критики. Медиумите истакнуваат дека тој и Сојузот ќе профитираат од патувањето на клубовите во друга земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн побара да замине и го „стресе“ Минхен, но сега пристигна одговор кој ни во најлошиот сон не можеше да го замисли

Фудбалската јавност беше изненадена кога пред неколку дена се појави информација дека Хари…