Дома Фудбал Останато Ужac во родниот град на Меси: Во глава заcтрелан еден од најголемите аргентински таленти

Ужac во родниот град на Меси: Во глава заcтрелан еден од најголемите аргентински таленти

Лоши вести ни пристигнуваат од земјата на актуелните светски шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Лаутаро Ронки кој има 18 години и кој важи за еден од најталентираните аргентински фудбалери во овој момент бил застрелан во глава додека седел во кафуле во Росарио, родниот град на Меси.

Ронки е фудбалер на Расинг и во моментот на нападот бил во кафулето со својот пријател Ерик Дијаз.

Според информациите кои ги пренесуваат аргентинските медиуми во еден момент група вооpyжени луѓе влегле и почнале да пyкаат.

Ронки веднаш бил хоспитализиран и за жал информациите се дека е во критична состојба и приклучен на респиратор.

Сезонава во Б тимот на Расинг тој постигна 12 гола и се најавуваше дека ќе добие шанса во првиот тим кај Фернандо Гаго, а се поврзуваше и со неколку европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …