Дома Фудбал Останато На проба во Барселона дојде синот на Роналдињо

На проба во Барселона дојде синот на Роналдињо

17-годишноот син на бразилската легенда Роналдињо, Жоао Мендеш де Асис Мореира би можел да потпише за Барселона.

Имено, синот на Роналдињо од неодамна е на проба во каталонскиот гигант. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта наводно гледа голем потенцијал и можен првотимец во иднина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Жоао Мендеш игра во нападот и има прволигашко искуство затоа што настапуваше за Крузеиро во Бразил.

Она што е интересно, тој подолго време се обидувал да го крие идентитетот затоа што не сакал да има предност во однос на другите поради неговиот татко.

Каков успех и дали ќе го има во Барселона ќе видиме во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездите на Реал Мадрид веќе изгубиле доверба во Арбелоа: Не е тој за оваа работа!

Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, а последните случувања у…