Ваут Вегхорст кој пристигна на позајмица во Манчестер Јунајтед нема да може да игра во саботното дерби против Мачестер Сити во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова го потврди менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг. Рокот за регистрација на фудбалери за следното коло истече денес.
„Мислам дека сме блиску до комплетирањето на трансферот, но Ваут нема да биде на расолагање за утрешниот меч“, изјави Те Хаг.
Холандскиот репрезентативец доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, а Манчестер Јунајтед ќе му плати 3 милиони за позајмицата на Бешикташ.