Реал Мадрид на лето е спремен да направи „бум“ на трансфер пазарот и ќе има голем буџет за трансфери.
Примарна цел на „кралевите“ ќе биде доведување на нова ѕвезда во нападот, кој ќе биде наследник на Бензема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека првото име на списокот е ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.
Кејн и претходно се поврзуваше со заминување од Тотенхем, но „спарси“ бараа 150 милиони евра за неговата слобода, па до трансфер не дојде.
Кејн се уште не ставил потпис на нов договор, сака нов предизвик, па би можел да ја промени средината на лето.