Дома Топ вести Нов скандал во Барселона: Поранешни директори го навредуваат Меси!

Нов скандал во Барселона: Поранешни директори го навредуваат Меси!

Медиумите во Каталонија пишуваат за голем скандал. Имено весникот „Периодико“ објави скандалозни пораки помеѓу поранешни шефови на Барселона кои „плукаат“ по Меси додека Аргентинецот се уште го носеше дресот на Барселона.

Во прашање се директори и шефови од времето на Бартоему, претседателот кој го остави клубот во долг од 1.3 милијарди евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конверзацијата се одвивала на „ВатсАп“ и во неа учествувале: Оскар Грау, Жорди Моч, Ориол Томас, Давид Белвер, Панчо Шродер, Хавиер Собрино и Гонзало Понти.

Треба да се знае дека дел од овие луѓе беа вклучени и во аферата „Барсагејт“ кога беше откриено дека Бартомеу со пари Барселона плаќал маркетинг агенција кој ангажирала „ботови“ да ги критикуваат Пике и Меси на социјалните мрежи.

„Барто (Бартомеу) не треба да бидеш толку многу добар со овој стаорец од канализација (Меси). Клубот му даде се, а тој прави диктатура. Тој се прашува за засилувања, трансфери, нови договори, спонзорски договори…Јас така не би можел со него…“, пишува Понти.

Исто така Понти пишува дека Меси барал нови договори за Суарез и Алба, како и процент за продолжувањето на соработката со Ансу Фати чиј менаџер бил братот на Аргентинецот.

„Таквите уцени се најлоши…Голема непристојност од тоа хормонално џуџе кон сите кои работиме во клубот. Кога работите ќе тргнат на лошо тебе ти доаѓа порака: Претседателе, намали им ја платата на сите други, но не и мојата ин а Луис“, додал Понти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…