Ливерпул вчера успеа да дојде до реми откако на Вулвс им беше поништен чист погодок и досуден офсајд, иако тешко може да се заклучи каде судиите го гледаат офсајдот.
Линискиот судија го крена знаменцето за офсајд кога Вулвс погодија за 3:2. Но, на снимките не може да се види каде е офсајдот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информациите кои подоцна се појавуваа се дека ВАР судиите немале камера која можела да повтрди дали Матеус Нуњеш е во недозволена позиција и затоа се почитувала одлуката на судијата на теренот.
How the fuck has this been disallowed?? Wolves absolutely robbed #LIVWOL #FACup pic.twitter.com/god8BZGEcu
— Fergalicious (@Jack_Fergie_19) January 7, 2023
ITV claim that VAR had to go with the on-field decision of offside for Wolves disallowed goal, because none of the cameras at Anfield could determine whether Matheus Nunes was in an offside position.
— Alex Richards (@AA_Richards) January 7, 2023
If that's the case, that's absolutely ridiculous.
Тренерот на Вулвс, Јулиен Лопетеги по натпреварот тврдеше дека немало офсајд.
„Некој му кажал дека е офсајд. Но ги видовме снимките, немаше офсајд. Одлуката е погрешна. Јас правам грешки секој ден и понекогаш прават и тие. Денес имаме помош од ВАР и не може ова да се случува, жал ми е, но ова не е офсајд“, изјави Лопетеги.
Свесен дека ситуацијата е спорна беше и Јирген Клоп.
„Не можам со сигурност да кажам дали одлуката беше исправна. Ние видовме една слика и изгледаше како да е офсајд, но ги разбирам и зошто се лути. Не сакаме ВАР да има само еден агол“, објасни Клоп.
Според правилата во ФА Куп бидејќи одиграа реми Ливерпул и Вулвс ги чека повторен натпревар. Еден навивач од трибините ја снимил и целата акција.
Here's the camera footage you were missing lads. @premierleague @Wolves @LFC just in case you needed it……. #wwfc #FACup pic.twitter.com/HxYr94GdnM
— Lopateg ay we. (@NunoArmy) January 7, 2023