Дома Фудбал Италија Зидан веќе го избрал новиот клуб

Зидан веќе го избрал новиот клуб

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен да го прекине одморот и повторно да седне на клупата.

Веќе подолго време се шпекулира дека го чека заминувањето на Дидие Дешамп за да стане селектор на француската репрезентација, па поради тоа ги одби понудите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Доколку Дешамп остане на селекторското место како што се најавите, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман, а негова прва желба е Јувентус.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Алегри сигурно ќе остане на клупата до крајот на сезоната, а на лето се очекуваат големи промени во клубот и голема е веројатноста Зидан да ја преземе „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Без  изненадувања  во Аглија,  Манлестер Сити е шампион🎥

Манчестер Сити не дозволи изненадување  и во последото коло го победи Вест Хем со 3:1за од…