Суперагентот Мино Раиола иако преодниот рок заврши одлучи денес да биде во центарот на фудбалската јавноста и изгледа дека тоа му успева.
Раиола претходно утрово зборуваше за иднината на ѕвездата на Јувентус, Паоло Дибала иако тој не е негов агент. Италијанецот одлучи овој ден да биде негов, па така ја прокоментира и иднината на еден од неговите најголеми клиенти, Марко Верати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот ова лето често се поврзуваше со Барселона, но на крајот сепак остана во ПСЖ, каде што клубот од Париз во амбициозен проект ги доведе Нејмар и Мбапе и најави напад на Лигата на шампионите.
„Верати ќе остане во ПСЖ, но не знам што ќе се случи потоа. Јас не сум волшебник, одиме чекор по чекор“, изјави Раиола.
Овие зборови на Раиола даваат надеж на Барселона, но и Манчестер Јунајтед дека веќе следното лето би можеле да отворат сериозни преговори за доведување на Марко Верати.
Барса во Верати гледа долгорочна замена за Иниеста, додека Манчестер Јунајтед познато е дека секогаш е во игра кога во прашање се клиентите на Раиола.