Кристиано Роналдо денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Ал-Наср во Саудиска Арабија.
Роналдо најпрво беше промовиран на стадионот „Мрсол Парк“, кој ќе беше целосно исполнет и на трибините имаше 30.000 навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа на пресконференцијата Роналдо се претстави во новиот клуб и откри зошто се одлучил токму да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.
„Многу сум горд што сум тука, што донесов голема животна одлука. Мојата работа во Европа е завршена, освоив се, играв за најголемите клубови. Ова е нов предизвик за мене, ти благодарам Ал-Наср што ми даде можност да го промовирам фудбалот кај младите генерации во оваа земја“, изјави Роналдо.
„Не дојдов овде само да играм фудбал, туку и да го развивам фудбалот во оваа земја. За мене ова е добра шанса, со знаењето и искуството што го имам сакам да помогнам, сите овде да имаат перспектива. Не знам колку луѓето знаат, но Ал-Наср има и женски клуб. Сакам сето тоа да го развијам на уште повисоко ниво“, додаде Кристиано.
„Мојот договор е уникатен бидејќи јас сум уникатен фудбалер. Тоа е нормално за мене“, заклучи на крајот Роналдо, кој ќе заработува 200 милиони евра годишно.
🤩Espectacular presentación de Cristiano Ronaldo con Al Nassr. 🔵🟡
— Canal 4 (@Canal4TCS) January 3, 2023
pic.twitter.com/4lIqAw2n2N