Дома Трансфер зона Официјално: Ловрен се врати во Лион

Официјално: Ловрен се врати во Лион

Иако се шпекулираше дека може да се пресели во Лацио, сепак хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен реши да ја продолжи кариерата во Лион.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова за Ловрен е враќање во клубот каде ја доживеа својата фудбалска афирмација, од каде потоа се пресели во Премиер лигата.

33-годишниот дефанзивец одигра одлично на Мундијалот, па реши да го напушти Зенит шест месеци пред истекот на договорот.

Ловрен потпиша договор со францускиот клуб до 2025 година, а руските медиуми пренесуваат дека Зенит добил два милиони евра како обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…