Дома Фудбал Проблем за Јувентус: Без Влаховиќ во големото дерби?

Проблем за Јувентус: Без Влаховиќ во големото дерби?

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ се уште се мачи со повредата на препоните, поради која најверојатно ќе го пропушти дерби натпреварот против Наполи на 13 јануари во Серија А, објавија денеска италијанските медиуми.

Клубот се надеваше дека тој ќе биде на располагање за мечот против Наполи, трет во новата година, но според „Газета дело спорт“, Влаховиќ ќе го пропушти и тој меч.

Влаховиќ не тренираше со тимот откако се врати од Катар каде одигра само 79 минути и постигна еден гол на два натпревари.

Српскиот репрезентативец веќе неколку месеци се мачи со оваа повреда. Последниот меч за Јувентус го одигра на 25 октомври против Бенфика, а последен пат цели 90 минути ги одигра на 15 октомври кога постигна гол во победата против Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…