Шпански Мундо Депортиво, објави дека Барселона му нуди доживотен договор на Андрес Иниеста.
На овој искусен играч за врска, договорот со Барселона му истекува на крајот од сезоната. Имаше информации дека би можел да замине од „Камп Ноу“ бидејќи според неговите зборови се „заштитил“, но во Барселона прават се за да го задржат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што наведува Мундо Депортиво, челниците на Барселона му понудиле на Иниеста доживотен договор според кој на крајот од сеокја сезона би можел да одлучи кога е доста и кога сака да ја заврши професионалната фудбалска кариера.
Велат, Иниеста немал ништо против, па во следните месеци се очекува обнова на неогвиот договор.
Иниеста за потсетување, е член на Барса 12 години и за Каталонците одиграл 400 натпревари.