Дома Македонски спорт Талески: Не може да има повеќе оправдувања дека сме млади и неискусни

Талески: Не може да има повеќе оправдувања дека сме млади и неискусни

Македонија следниот месец ќе настапи на ракометното Светско првенство (СП), а селекторот Кире Лазаров денеска ги собра ракометарите.

Ракометарот на Вардар, Филип Талески кажа дека повеќе нема изговори за резултатите, а исто така посочи дека на контролните средби пред првенството ќе ги проверат своите сили.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Конечно се случи промената на составот со повозрасните ракометари, имавме голема помош во баражот, каде што целото искуство ни го префрлија на нас и ни кажаа дека ние сме на терен и треба да бидеме лидери.

Сепак, на големите натпреварувања е поинаку, секој втор ден се игра натпревар и затоа се собираме порано.

Ни недостигаат само два ракометари, Кузмановски и Митревски, меѓутоа се собравме за овие 10 дена да ги искористиме за основни подготовки.

Последните 10 дена пред настапот треба да видиме што ни недостига на тие контролни натпревари и потоа да ги коригираме грешките“

Треба да ги анализираме противниците и потоа селекторот да направи тактика за да се прикажеме во најдобро светло“, вели Талески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи го избра новиот менаџер

Енцо Мареска ќе биде нов тренер  на Челзи  и ќе го наследи Маурисио Покетино, пр…