Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Голманот на Аргентина ја објасни контроверзната прослава

Голманот на Аргентина ја објасни контроверзната прослава

Aргентинскиот голман Емилијано Мартинез се најде во центарот на вниманието по вчерашното финале.

Голманот на Астон Вила беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство, а потоа имаше контроверзно славје со освоената награда.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


 Мартинез наградата ја заслужи затоа што беше еден од најзаслужните во походот на Аргентинците и во вчерашното финале во 123. минута имаше спектакуларна одбрана кога Коло Муани излезе „еден на еден“.

Новинарите го запрашаа Мартинез за контроверзната прослава, а тој одговори дека тоа бил одговорот за оние кои исвиркувале.

„Го направив тоа затоа што Французите ме исвиркуваа. Такво однесување кај мене не поминува“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…