Дома Фудбал Од сиромаштија до бесмртност: Емилијано Мартинез никогаш не губи финале!

Од сиромаштија до бесмртност: Емилијано Мартинез никогаш не губи финале!

Емилијано Мартинез блесна на Светското првенство 2022 во Катар, а ова година повторно ќе биде меѓу стативите за Аргентина. Ова е приказната за неговиот животен пат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Својата извонредност повторно ја потврди, па многумина го сметаат за еден од најголемите победници на модерниот фудбал.

Како голман на Астон Вила, освои престижна титула откако англискиот клуб триумфираше над Фрајбург со 3:0 во финалето на Лигата на Европа, кое се одигра во Истанбул.

Клубот од Бирмингем го донесе првиот трофеј по долг период од 34 години, а Мартинез беше еден од најистакнатите херои на финалето.

Најимпресивниот дел од целата приказна е фактот што Емилијано го бранеше финалето со скршен прст.

Повредата ја заработи непосредно пред почетокот на мечот, но и покрај болките, одбрани да влезе на теренот и да му помогне на својот тим.

“Скршив прст за време на загревањето, но секоја лоша работа носи нешто добро. Ова го правам цел живот и ќе продолжам”, изјави Мартинез по натпреварот.

Неговата животна приказна е како од филм. Роден во 1992 во градот Мар дел Плата, Аргентина, тој се соочуваше со тешки услови и сиромаштија во детството.

Мартинез често раскажува како еден момент од младоста му го изменил животот, кога како дете го видел својот татко како плаче бидејќи не може да ги плати сметките.

Tој си вети дека еден ден ќе успее да ја извлече својата фамилија од таа тешка ситуација. Започна да игра фудбал многу рано, а веќе на 16 години пристигна во младинските редови на Арсенал.

Доаѓањето во Лондон беше шок за младиот Аргентинец кој не знаеше англиски.

Години наназад беше резерва, минувајќи низ повеќе позајмици, а многумина се сомневаа дека ќе постигне успех во највисоките фудбалски редови.

Неговиот момент дојде во 2020 година кога тогашниот прв голман на Арсенал, Бернд Лено, здоби сериозна повреда.

Мартинез ја доби шансата и веднаш покажа дека има менталитет на победник. Тоа беше почетокот на неговиот неверојатен успех.

Со Арсенал освои ФА Куп и Комјунити Шилд, а потоа со Аргентина тргна во поход кон најголемите фудбалски трофеи.

Прво го освоија Копа Америка во 2021 година на познатата Маракана против Бразил, потоа Финалисима на Вембли и најголемиот момент во неговата кариера – Светското првенство во Катар 2022.

Аргентина тогаш во епско финале по изведување на пенали ја совлада Франција, а Мартинез беше еден од клучните играчи на целиот турнир.

Подоцна, со Гаучосите ја освои и новата Копа Америка во 2024 година против Колумбија.

Посебно импресивно е што Емилијано Мартинез никогаш не изгубил финале во кое играл. Учествувал во седум финалиња и во сите седум победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Торино: Спалети може да си замине!

Јувентус претрпе пораз на домашен терен од Фиорентина, и нивната судбина повеќе не е во ни…