Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Роналдо е најголемото разочарување на Мундијалот, жал ми е за него“

„Роналдо е најголемото разочарување на Мундијалот, жал ми е за него“

Вчера беше завршено Светското првенство во Катар, а германската фудбалска легенда Лотар Матеус го нарече Кристијано Роналдо најголемо разочарување на овој Мундијал.

Матеус порача дека Роналдо со своето его не само што си наштетил на себе туку и наштетил и на селекцијата на Португалија. Лионел Меси на другата страна е целосна спротивност од Португалецот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кристијано Роналдо е најголемото разочарување на ова Светското првенство. Се спротивно од него беше Лионел Меси. Со своето его Роналдо се повреди себе си и својата репрезентација. Беше одличен фудбалер, но сега уништува се што создаде.

Искрено не би можел да го замислам во друг клуб, можам да кажам дека дури и ми е жал за него“, пишува Матеус во својата колумна за германски „Билд“.

Роналдо ќе потсетиме со Португалија го заврши настапот со поразот од Мароко во четвртфиналето, а Португалецот последните натпревари ги започнуваше од клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Замената за Влаховиќ пристигна во Јувентус

Канадскиот фудбалски репрезентативец Џонатан Дејвид стана нов играч на Јувентус, што беше …