Дома Топ вести Ова е најголемата трансфер грешка во историјата!

Ова е најголемата трансфер грешка во историјата!

Големи грешки во оценките на фудбалерите се случуваат и денеска веројатно и повеќе отколку порано. Пазарот „полуде“, цените се астрономски и секогаш се појавуваат информации за рекордите и потенцијалните рекорди, стотици милиони евра, преговори и договори на трансфер пазарите.

Но, според целосно нарушените вредности во светот на денешниот фудбал, најголемата грешка кој еден клуб некогаш ја направил е од едно друго време. Се случи на средината на деведесетите години, минатиот век кога англискиот Блекбурн направи нешто поради тоа што во овој клуб и денеска се црвени.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тие, имено, одбиле за ситни пари да го доведат еден од најдобрите играчи на сите времиња – Зинедин Зидан. Посебно интересен е коментарот на тогашниот лидер на овој поранешен шампион на Англија кој изјави дека го имаат Тим Шервуд и дека не им треба Зинедин Зидан, иако уште тогаш беше јасно дека Франција доби фудбалер кој ќе остави неизбришлив траг во историјата на светскиот фудбал.

Останатото веќе е историја. Си замина во Јувентус, па во Реал каде што се профилираше во легенда, а денеска овој клуб одлично го води од клупата, освојува трофеи и продолжува да ја пишува една од најуспешните фудбалски приказни. Блекбурн пак, оттогаш испадна од Премиер лигата и својата историја ја пишува во втората англиска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…