Дома Фудбал Нема да можат сите во Катар: Над 2.000 Мароканци кои сакаа нема да бидат вечерва на „Ал-Бајт“

Нема да можат сите во Катар: Над 2.000 Мароканци кои сакаа нема да бидат вечерва на „Ал-Бајт“

Националната авиокомпанија на Мароко денеска соопшти дека откажува неколку летови од Казабланка до Доха, кои беа планирани за мароканските навивачи заинтересирани за полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција.

„Поради најновите аранжмани наметнати од катарските власти, „Royal Air Maroc“ (RAM) со жалење ги информира патниците за откажувањето на нивните летови што ги врши „Qatar Airways“, се вели во соопштението на RAM.

Седумте откажани летови вклучуваат 2.100 патници, додека другите 23 летови со RAM се одвиваат според планираното, изјави за AFP извор запознаен со ова прашање.

Фудбалерите на Мароко и Франција вечерва се среќаваат на стадионот „Ал Бајт“ во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси веќе се договорил со Скот? Целта е потпис уште на 1 јануари

Според Сајмон Филипс, Челси има усна согласност со Алекс Скот за личните услови, но за јан…