Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Направил маички за светска титула на Англија да заработи, сега брои загуби

Направил маички за светска титула на Англија да заработи, сега брои загуби

Англичаните имаат одлични фудбалери во своите редови, па така пред секое големо натпреварување навивачите имаат и највисоки очекувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Така беше и од ова Светско првенство. Им одеше на Англичаните добро додека не налетаа на Франција која лесно се справи и ги победи со 2:1. По елиминацијата на Англија се појави информација во која главен актер е Карл Бакстер.

Имено, овој човек набавил 18.000 маички со натпис „Англија е светски шампион, фудбалот се враќа дома“. Бидејќи бил убеден во успех на „Гордиот Албион“ сакал да заработи. Идејата му била продавајќи една маичка по цена од 29.99 фунти да оствари приход од 560.000 фунти.

Сепак, неговите очекувања не се исполнија, па место добивки, брои загуби. Сега се обидува да ги продаде маичките по цена од 9.99 фунти, но купци тешко наоаѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …