Дома Фудбал Дополнителни летови, бесплатни билети…Мароканците веруваат во ново чудо!

Дополнителни летови, бесплатни билети…Мароканците веруваат во ново чудо!

Мароко вечерва ќе игра против Франција во второто полуфинале, победникот оди во големото финале против Аргентина која вчера ја победи Хрватска.

Момците на Валид Реграуи се вистински хит и најголемото изненадување на Мундијалот. На сензационален начин Мароканците стигнаа до оваа фаза и станаа првата репрезентација од Африка која ќе игра полуфинале.

Пред почетокот на Светското првенство во Мароко имаше несогласувања поради селекторската смена, меѓутоа тоа не влијаеше на тимот кој игра одлично.

Во Мароко владее огромна фудбалска еуфорија, а националната компанија „Ер Марок“ објави дека ќе воведе нови 30 вонредни летови од Казабланка до Доха по цена од 450 евра. На оваа информација сега стигна дополнување од фудбалската федерација.

Фудбалската федерација на Мароко објави дека ќе подели 13.000 бесплатни билети кои ќе може да се подигнат во мароканската амбасада во Доха. Финалето се игра во терминот од 20:00 часот и се очекува Мароко да има поддршка од околу 20-30 илјади навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…