Влијателниот шпански спортски весник „Ас“ го спореди нашиот репрезентативец, Енис Барси со големиот Дејвид Бекам.
Во весникот се појави текст со наслов „Енис Барди, новиот Бекам, игра за Леванте“, а објавен е во рамки на најавата за утрешниот меч против Реал во Примера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ас“ наведува дека Леванте оваа година располага со тајно оружје, фудбалерот со снајперски прецизен удар, кој поддеднакво добро игра со двете нозе и одлично ја контролира топката.
Во претставувањето на Барди се наведува дека се работи за фантастичен играч кој доаѓа од Македонија и кој во тимот од Валенсија пристигна од унгарски Ујпешт.
„По неговото пристигнување во Леванте клубот сега има поголеми амбиции. Барди веќе во предсезоната ги покажа своите можности. Има сопствен стил, а топката во неговите нозе е неверојатно послушна“, напиша Ас, наведувајќи дека досега за својот тим постигна 4 погодоци.
„Со 22 години, Барди е дијамант“, заклучи Ас.