Подобро упатените во фудбалот знаеа да кажат дека Мароко има солидна репрезентација, меѓутоа најмногу од сите во оваа репрезентација веруваше легендарниот Камерунец, Самуел Ето.
Ето пред првенството во Катар изјави дека во финалето ќе играат Мароко и Камерун.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Камерун сигурно нема бидејќи испадна уште во групната фаза, а пред селекцијата на Мароко има уште една пречка, но таа пречка е актуелниот светски шампион Франција.
„Мароко и Камерун ќе го играат финалето“, изјави поранешниот напаѓач на Интер на почетокот од минатиот месец, тврдејќи дека Мароканците ќе поминат покрај Шпанија, Португалија и Франција на патот до финалето, а неговата земја ќе стигне таму преку Белгија, Сенегал. .. Погоди за Мароканците кои навистина направија чудо.
Ја поминаа групната фаза, а потоа следуваа Шпанија и Португалија кои минимално ги совладаа со 1:0.
Сега ги чека Франција и се е можно за 90 минути. Мароканците освоија бројни симпатии и секако се полни со самодоверба и мотивација да го продолжат своето неверојатно патување.
КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПРОГНОЗАТА НА ЕТО ЗА МУНДИЈАЛОТ