Поранешниот камерунски фудбалер, Самуел Ето е во центарот на голем скандал.
Во камерунската јавност се појавија аудио снимки од легендарниот голгетер кој сега е претседател на Фудбалската федерација. Ето во разговорот му ветува на првиот човек на клубот, Викторије Лимбе дека ќе влезат во првата лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По неколку кола од стартот на сезоната клубот бил на последното место, а потоа започнал да напредува.
„Верувај ми мораше да останеше мирен, бодовите ќе бидат вратени и судијата суспендиран. Дај ми време само да се вратам во Камерун. Ќе дојдеш кај мене во канцеларија ,ќе се видиме, земи ја и сопругата. Овој клуб мора да влезе во Прва лига, тоа е наша заедничка цел, но мораш и ти да ми помогнеш, немој да правиш премногу врева, биди мирен. Знам како станав претседател на федерација, ти должам тебе и на нашите двајца блиски пријатели“, зборува Ето во скандалозната аудио-снимка.
Клубот на крајот и се пласираше во првата лига, а Ето излезе со смешно објаснување.
„Тоа беше разговор со мој пријател, човек кој инвестира во фудбалот и сака клубот да биде меѓу најдобрите во Камерун. Јас само му ветив дека нема да има судиски грешки на негова штета“, изјавил Ето.
Нема дилеми дека ваквите случувања можат да доведат и до реакција од ФИФА.